All for Joomla All for Webmasters

Галерија и активности

 

Детската градинка ,,Гоце Делчев" во континуитет трет пат по ред е добитник на интернационално признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме.
Со добивање на зелено знаме , градинката се стекна со право да аплицира за финансиска подршка (мал грант) за еко проект. Детската градинка ,,Гоце Делчев" подготви проект кој опфаќа засадување на 50 садници (листопадни и зимзелени) дрвца и поврзување на истите со систем капка по капка.
Овој проект е одобрен од програмата за мали грантови за еко градинки финансирани од Европската Унија.
Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија-Самоел Жбогар и директорот на ОХО - Пеце Талески на градинката и доделија зелено знаме, интернационален сертификат како и чек во износ од 500 €, додека координаторот Јованка Костадиновска и претседателот Марина Крстовска и директорот на градинката Катерина Бојковска Јовчевска примија сертификати како признанија за успешна реализација на проектот.

Адреса

 Ул.534 бр.25 н.м. Марино 

Oпштина Илинден 1041 Скопје

Контакт

телефон: 02/2 571-345

мобилен: 078/200-372

Контактирајте не

Работно време

            06:00 - 20:00

             Работно време со деца:

            06:00 - 18:00